Којзеклиска: Благој Бочварски има желба неговиот градежно фамилијарен клан да завладее со бизнисите во Штип

СДС го потценува Штип и Штипјани кандидирајќи човек кој е типичен претставник на црвената буржоазија и оставштина од криминалната транзиција со која тие раководеа. Благој Бочварски има желба неговиот градежно фамилијарен клан да завладее со бизнисите во Штип и општината да ја претвори во приватна тезга, истакна Марија Којзеклиска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Којзеклиска посочува дека едноставно општината сакаат да ја претворат во свој приватен бизнис како што се приграби и фирмата „Пелагонија Штип“ со која управува семејството Бочварски.

 

-Синот Благој се кандидира за градоначалник на Штип, таткото Венцо  градежен инспектор во истата општина, а семејството Бочварски управува со компанијата „Пелагонија Штип“. Одлична шема за добивање на сомнителни бизниси. Тоа е и целта на кандидирањето за градоначалник. Ако на ова се додаде фактот дека неговиот зет за сестра, Емануел Шекеринов е познат во штипската јавност како братучед на Радмила Шекеринска, дополнително се добива слика дека метастазите на градежната мафија го надминуваат локалното, и се шират дури до централно државно ниво, нагласува Којзеклиска.

Таа додава дека Бочварски не запираат и сакаат да ја приватизираат општината.

-Желбата не е да се помогне на граѓаните на Штип туку да се водат приватни бизнис интереси на семејството Бочварски. Штипјани тоа нема да го дозволат. Штип заслужува подобро. На 15-ти октомври Штипјани ќе се одлучат за напредок, за работа и за нови проекти, нагласува Којзеклиска.

 

 

 

 

23.09.2017 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа