Кои хороскопски знаци се верни а кои неверни

Верноста е квалитет којшто, речиси, сите го бараат кај љубовниот партнер, со само неколкумина кои се одлучуваат за неексклузивни односи, каде што едниот или другиот се слободни да имаат афери надвор од врската. Имајќи го ова на ум, еве одговор на прашањето кои од хороскопските знаци се меѓу првите кога станува збор за верноста - а кои, најверојатно, ќе ‘заскитаат’

Кои знаци се најверни?
Затоа што се познати по нивната лојалност и зависност, припадниците на фиксните хороскопски знаци БИК, ЛАВ и ШКОРПИЈА имаат тенденција да бидат најверни љубовници. Ако наидете на проблеми со еден од овие знаци, обично сте добиле бројни предупредувања. Бидејќи се 'фиксни', тие бавно прават промени и еднаш штом ќе воспостават удобна романтична рутина, без разлика во колкаво големо романтично искушение да се најдат, тие, генерално, не се подготвени да го сменат ставот. Сепак, само еден збор како предупредување за ШКОРПИЈАТА: Иако никогаш нема да најдете полојален и посветен љубовник од Шкорпијата, тие ќе бидат верни онолку долго колку што сте и вие - ниту еден миг повеќе. Ако ја изгубите довербата на Шкорпијата поради неверство, тогаш ќе ја изгубите и нивната верност засекогаш - а може да очекувате и некој вид одмазда за возврат.

ЈАРЕЦОТ е уште еден знак добро познат по сериозно преземање на љубовните обврски. Она што Јарецот сака е партнер кој ќе му помогне во неговата кариера, ќе го подигне неговиот статус и ќе му биде поддршка во животот. Кога конечно ќе најде таква посебна личност која не само што го исполнува на љубовен план, туку, исто така, и во практичните потреби, тогаш нема никаква шанса да ризикува да го изгуби сето тоа само поради една кратка афера. И кај ДЕВИЦАТА, која како и Јарецот е земјен знак, практичноста преовладува кога љубовта е во прашање, а сексот, обично, не игра особено голема улога. Секако, овој знак не е познат по флертување – веројатно поради тоа што е работохолик по природа, едноставно нема време за такво нешто.

РАКОТ, кој го сака домот и семејството, ретко ќе ‘заскита’ од стабилна врска, под услов неговата потреба за емоционална и материјална сигурност да е задоволена. Главниот фокус во животот на овој чувствителен воден знак е да најде сродна душа со која ќе може да засади трајни корени. Ако мисли дека тоа сте токму вие, тој никогаш нема да ве напушти, па дури и ако е често пати наметлив. Ако, од друга страна, не можете да ги исполните неговите барања, нема да губи време во потрага по некој што ќе може.

Хороскопските знаци кои најверојатно би биле неверни во основа се оние кај кои личната слобода е пред посветеноста кон партнерот. Независниот ОВЕН може да има проблеми да го заузда своето либидо и без разлика колку долго е во врска, длабоко во себе секогаш има тенденција да мисли за себе како ерген/мома и слободен/на. Слично, БЛИЗНАЦИТЕ и СТРЕЛЦИТЕ се родени флертувачи на кои им треба многу простор во нивните односи и не може да издржат да бидат ’врзани’. ВОДОЛИЈАТА, исто така, спаѓа во оваа категорија. Бидејќи е под влијание на Уран, планета на експериментирање, таа е често подготвена за отворени односи и нејзина максима е „сè се прифаќа“. Имајте на ум дека најдобар начин да поттикнете било кој од овие знаци да ве измамат е да им кажете дека не смеат. А ако им дадете одврзани раце, од друга страна, тие со помала веројатност ќе чувствуваат потреба да заскитаат. Сепак, ако сте посесивни или малку несигурни, може да најдете дека со нивниот нескротлив љубовен стил тешко ќе се справите.

Би можеле да мислите дека сте на ’безбедна земја’ со ВАГА, знак на вистинска љубов и партнерство. Но, не е паметно да сметате на нејзината лојалност сè додека не ви даде цврста и конечна обврзаност. Повеќето Ваги страдаат од дилемата дека никогаш не знаат што всушност сакаат, а невозможно им е секогаш да велат ’не’. Додајте го на ова и нивниот посебен талент за привлекување на спротивниот пол многу лесно и нема да ви биде тешко да видите зошто имаат (веројатно неправедно) репутација дека не се верни. И на крајот доаѓаме до РИБИТЕ, лизгавата риба кој влегува во - и излегува од - љубовта малку премногу лесно и има повремени проблем со искреноста. Без разлика колку добро мислите дека ја знаете вашата Риба-љубовник/ца, никогаш не може да бидете сосема сигурни што, всушнот, прави таа, а и затоа што сите Риби се експерти за покривање на своите траги, вие, веројатно, и нема никогаш да дознаете. А, можеби е подобро така!

Извор:Штипка 

 

 

 

 

 

 

 

17.10.2017 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа