„Кога ја соблече сукњичката...“- малата Татјана беше неприметна во шоуто, а сега сите ја знаат

Во вчерашното издание на емисијата „Пинкови ѕвездички“ мразот го скрши Татјана Саватиќ. Таа ја пеела песничката „Кажи зошто ме остави“ од Ана Софроновиќ. Татјана измамила насмевки на лицата од жирито и со 5 гласови поминала понатаму.

-„Слушни ја сцената која ја имам во глава: на едно креденче стои мал кафез, а во кафезот уште помал канринец во жолта боја, а околу него си игра мачка. Сакам само да кажам дека од ден за ден сум се повоодушевен од тебе, твојот глас, твојата снаодливост и во таа возрасна личност која живее во така мало тело. Феноменално! Браво!“- рекол Сергеј Четковиќ.

-„Кога ја соблече сукњичката и остана во ова жолто фустанче како некое сонце да огреа. И така и пее, навистина секој пат тоа е еден уметник на сцена, од движења, израз на лицето, интерпретација, сѐ што тука изведе. Гоца и јас се чудиме како го имаш тоа вибрато. Браво, браво, уметничке наша!“- не го криеше воодушевувањето Јелена Томашевиќ.

 

 

 

19.05.2017 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа