Ким Џонг ун сам против целиот свет - Русија и Германија ја осудиле Северна Кореја

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот германски колега Зигмар Габријел ја осудиле активноста на Северна Кореја на полето на тестирање нуклеарни и ракетни технологии, потврдувајќи ја својата посветеност на воведувањето резолуции од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации, соопштило Министерството за надворешни работи.

Севернокорејската државна агенција во четвртокот се закани дека ќе го искористи нуклеарното оружје за да ја „потопи" Јапонија и да ги срамне САД до „пепел и темнина" затоа што ја поддржаа резолуцијата и санкциите на Советот за безбедност на ОН заради нејзиниот последен нуклеарен тест.

Азија-Пацифичкиот комитет на Пјонгјанг, кој се занимава со надворешните врски и пропаганда на Северна Кореја, исто така, повика за распад на Советот за безбедност, кој го нарече „алатка на злото“ составен од земји „подмитувани со пари“ кои делуваат по наредба на САД, пренесе Ројтерс.

„Четирите острови на архипелагот треба да се потопат во море со нуклеарната бомба на Џуче. Јапонија не е веќе потребна да егзистира во наша близина“, се вели во соопштението на комитетот пренесено од официјалната новинска агенција на Северна Кореја КЦНА.

Џуче е владејачката идеологија на Северна Кореја, која го меша марксизмот и екстремната форма на осамен национализам проповедан од основачот на државата Ким Ил Сунг дедото на актуелниот лидер Ким Јонг Ун.

Регионалните тензии се зголемија значително, кога изолираната Северна Кореја го спроведе својот шести, и далеку најмоќен нуклеарен тест на 3 септември.

15 члениот Совет за безбедност едногласно ја изгласа резолуцијата изготвена од САД и новата рунда санкции во понеделникот како одговор, забранувајќи го текстилниот извоз на Северна Кореја што е втор по големина по извозот на јаглен и минерал, и ограничувајќи го снабдувањето со гориво.

 

 

 

14.09.2017 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа