Кичево: Нема да дозволиме никој да ја уништи иднината на Македонија со платформи направени во соседни држави

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва одржа мирен протест пред црквата во Кичево.

Пред учесниците на протестот во име на граѓанската иницијатива се обрати Даме Силјаноски, порачувајќи дека нема да дозволат никој да ја уништи иднината на Македонија со платформи направени во соседни држави.

– Не ни требаат чадори од надвор, бидејќи народот е чадорот на унитарна Република Макеоднија, на нејзиниот устав и мултиетничко општество. Народот е чадорот на волјата искажана на избори и нема да дозволиме никој да ја уништи иднината на Македонија со платформи направени во соседни држави, рече тој.

Истакна дека Македонија е будна и подготвена особено за оние кои залегнати пред компјутер пишуват дека тиранската кооалиција требало поодлучно и наслино да ги скрши деловникот и законите и да избере по секоја цена преседател на Собранието.

Силјаноски ги повика граѓаните кои се уште не излегле на протестите да им се придружат за заштита на заедничка Македонија. 

 

 

 

21.04.2017 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа