„Катимерини“со карикатура го исмеваат името Македонија (фото)

Грчкиот највлијателен весник Катимерини објавува карикатура во која со потсмев се објаснува кои варијанти од нашето име ќе се добијат со инверзија на букви од кои е содржано името Македонија, пишува порталот Expres.mk

На крајот на процесот на менување на буквите конечното решение е комичар но не е јасно дали авторот за комични ликови ги смета грчките “кумови” или така ги доживува македонските политичари.

Ликот во карикатурата е облечен во традиционална грчка носија што најверојатно симболизира дека Грција е таа што ќе одлучи кое име ќе користиме во иднина.

Весникот Катимерини важи за релативно либерален и умерен медиум кога се во прашање односите на Грција со Македонија.

 

 

 

11.01.2018 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа