Кандидатите за градоначалници ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори

Државната изборна комисија соопшти дека кандидатите за градоначалници во сите општини во Македонија и град Скопје денеска ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Согласно член 8-в од Изборниот законик, учесниците во изборниот процес треба да го потпишат Кодексот. Со Кодексот учесниците во изборите се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани на Македонија, дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат принципите на слободни и фер избори.

Учесниците во изборите со потпишување на Кодексот јасно изразуваат волја да го почитуваат избирачкото право кое е еднакво, општо, непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.

По потпишување на Кодексот, кандидатите за градоначалници ќе дадат изјава пред медиумите.

 

 

 

24.09.2017 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа