Јордански фирми доаѓаат во Македонија

Бизнисмени од реномирани јордански компании, членки на Јорданската европска бизнис асоцијација и Стопанската комора на Јордан, денеска престојуваат во посета на Македонија.

Во рамки на посетата, јорданските бизнисмени ќе присуствуваат на македонско-јорданскиот бизнис форум што ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија со цел да воспостават деловни контакти со македонски компании.

Планирано е и потпишување на меморандум за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија со Јорданската Европска бизнис асоцијација и Стопанската комора на Јордан. Со него ќе биде иницирано и формирање на Македонско-јордански бизнис совет.

12.09.2013 - 09:05