Јанкулоска: Се што имав кажав во судот

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска вели дека сè што сакала да каже го презентирала во суд и дека не отстапува од истото, објави Макфакс.

Јанкулоска веќе подолг временски период е дистанцирана од јавноста. Таа вели дека нема коментар на обвинувањата и дека за сè се има произнесено во изминатиот период.

Пред една недела екс министерката во судницата за време на рочиштето за случајот „Тенк“ се пожали дека се прекршени нејзните човекови права и цитираше пресуди од Европскиот суд за човекови права за да објасни дека и е нарушена приватноста.

 

 

 

14.11.2017 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа