Јани Макрадули се враќа во политиката

Собранието на Република Македонија на денешната петта пленарна седница треба да ги именува замениците министри предложени од премиерот Зоран Заев.

За заменик министер за одбрана е предложен Беким Максути, за заменик министер за внатрешни работи Агим Нухиу, во Министерството за правда Оливер Ристовски, во Министерството за надворешни работи Арта Точи, во Министерството за финансии Ширете Елези, а во Министерството за економија Кире Наумов.

Власте Димковиќ е предложен за заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Гоце Чакаровски за здравство, Висар Гани за образование и наука, Елми Азири за труд и социјална политика, Дејан Павлески за локална самоуправа, Владимир Лазовски за култура, Александар Бајдевски за информатичко општество и администрација, Ремзи Мехмеди за транспорт и врски, а Јани Макрадули за заменик министер во ресорот животна средина и просторно планирање.

 

 

 

14.06.2017 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа