Ја земал својата сестричка во раце и со оваа неверојатна постапка го спасил животот на мајка му

Кејтли, мајка на две деца, имала напд додека се туширала, но благодарејќи на својот 5-годишен син останала жива.
Малиот Салваторе од Аризона, тропнал на вратата на сосетката Пенојер и со неговата двомесечна сестричка во рацете рекол:„Мојата мајка почина, можете ли да се погрижите за нас?“
Ико мислел дека е мртва, малиот Салваторе всушност го спасил животот на својата мајка Кејтлин.
Сосетката веднаш повикала итна служба, која дошла и ја спасила младата мајка.
-„Стоеше пред мене и држеше нешто. Прво мислев дека е кукла, но потоа видов дека е бебе.“- раскажувала сосетката.
-„Ми го спаси животот, бидејќи ако не отишол по помош, веројатно би се удавила.“- изјавила мајката и раскажала како нејзиниот син секој ден прашува дали таа ќе има повторно напад и дали ќе умре.
Детенцето добило и посебно признание за храброста од локалните пожарникари.
 

 

 

21.04.2017 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа