Ја изгуби борбата - Тајчи на емотивен начин се прости од сопругот

Татјана Камерон, која целиот регион ја знае како Тајчи, синоќа објави дека нејзиниот сопруг Метју Камерон починал.

Долго време Метју се бореше со рак на белите дробови, а пејачката многу пати и јавно побара помош.

Тајчи посакала да се прости од својот сопруг по пат на Фејсбук, каде објавила емотивна порака, а фановите изразиле сочувство.

-Метју Шејн Камерон-веќе нема болка за него. Повеќе не е врзан за човечките ограничувања. Сега е навистина слободен... Ќе црпиме сила и радост од сѐ што ни дал - напишала Тајчи.

 

 

 

15.11.2017 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа