Ивана во тешка депресија после страотното злосторство: Не престанува да плаче

Ивана Панзаловиќ која за влакно избегна смрт откако во глава и пукаше вереникот наскоро би требало да излезе од болница, но се наоѓа во тешка психичка состојба и непрекинато плаче.

Таа се наоѓа на оделение за интензивна нега на Воено медицинската академија во Белград и успешно заздравува од повредите, но е во тешка депресија и не може да се помири со тоа дека Срѓан е мртов и дека се завршило на таков начин.

- Таа плаче без престан и е во тешка депресија. Иако го сакала Срѓан, по се што се случило се чувствува срамно бидејќи испливале некои детали од нивната врска, која била прилично турбулентна.

- Таа едвај чека да ја каже својата страна на приказната бидејќи многу и смета тоа што многумина тврдат дека била неверна. По цел ден молчи и тешко излегува на крај со целата оваа трагедија - рекол извор за "Ало" и додал дека таа не сака да види никој освен членовите на семејството.

По излегувањето од болница најверојатно одредено време ќе се повлече од работата и ќе ја напушти земјата се додека не задрави и физички и психички.

Трагедијата се случи во четвртокот околу 4.30 на улицата Коста Рацин во Дедиње.

Расправата помеѓу Ивана и Срѓан почнала околу 2 часот по полноќ. Таа повикала полиција бидејќи нејзиниот вереник ја бркал со нож во станот, меѓутоа додека полицијата пристигнала, покојниот хирург извадил пиштол и пукал во главата на актерката, а потоа мислејќи дека е мртва извршил самоубиство. За среќа раната со која се здобила Ивана Панзаловиќ не била фатална, иако според нејзините зборови, милиметри одлучувале за нејзиниот живот.

 

 

 

11.09.2017 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа