Истекува рокот за поднесување приговор за изборите и резултатите

До 19 односно до 24 часот денеска трае рокот за поднесување приговори и тужби во однос на локалните избори што се одржаа во неделата. Откако ќе се постапи по приговорите ќе бидат познати и конечните резултати за првиот круг гласање. 

Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласање може да поднесе приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето односно објавување на првичните резултати. ДИК е должна да реши по приговорот во рок од 48 часа по приемот.

- Точен број каде изборите завршиле во прв круг може да соопштиме кога резултатите ќе станат конечни, односно кога ќе заврши постапката за одлучувања по приговори и тужби. Подносителите на листи имаат право и на судска заштита, односно да поднесат тужба до Управниот суд. Откако ќе заврши целата таа постапка, можеме да ги објавиме конечните резултати и тогаш ќе имаме точна претстава во колку избирачки места изборите завршиле во прв круг, а во колку општини ќе има втор круг, рече претседателот на ДИК Александар Чичаковски вчера на прес-конференција. 

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. 

 

 

 

17.10.2017 - 08:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа