Испливаа фотографии: Како изгледале Ана Брнабиќ и Александар Вучиќ во младоста

Фотографии на српската премиерка Ана Брнабиќ од 90-те години, како и на српскиот претседател Александар Вучиќ се појавија на Твитер. 

Пред да се појави на политичката сцена, Ана завршила во Петтата белградска гимназија, а потоа во САД каде во 1998 година завршува студии за бизнис администрација. Магистрирала во Британија.

Според српски медиуми, таа сака музика од 80-те и омилена група и е Депеш мод. 

Вучиќ завршил Правен факултет во Белград, а англиски јазик усовршувал во Брајтон, Англија. Како еден од најдобрите студенти во генерацијата, бил и стипендист на „Фондацијата за развој на научната младина“. 

Работел на „Канал С“ на Пале, Република Српска, во 1992 и 1993 година каде подготвувал и водел вести на англиски јазик.  
 
Тренирал кошарка и играл фудбал. Познат е како навивач на белградска Црвена Звезда.
Тие тогаш - Ана Брнабиќ и Александар Вучиќ
 

 

 

17.11.2017 - 23:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа