Испливаа детали за бременоста - Наташа мора да мирува

Пејачката Наташа Беквалац во последно време често објавува стари фотографии на својите друштвени мрежи, кои настанале на почетокот на нејзината кариера, а бидејќи е бремена, таа сега е многу почувствителна на негативните коментари кои ги добива.

Токму поради тоа, таа објавила нешто налик соопштение поради оваа причина,па случајно или намерно открила детали за бременоста.

-Бременоста е навистина како некаква поинаква состојба. Кога докторот ми „нареди“ строго мирување сфатив што значи кога бабите велат „ѓаволска работа„. Иако долго време бев во заблуда дека не ми е важно што мислат луѓето за мене, сфатив дека лажам и тоа не било кого туку самата себе. Бидејќи главно сум дома, ме фати манија „средување на животот“, па почнав да чепкам по некои стари фотографии од почетокот на мојата кариера, и тоа од пред 20 години - напишалата пејачката и ја објавила оваа фотографија од нејзините почетоци.

 

 

 

 

14.11.2017 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа