Инстаграм денеска потполно се промени: Поради овие 2 нови опции сигурно ќе почнете да го користите (ВИДЕО)

Инстаграм продолжува да го копира Снепчет, па сега оваа друштвена мрежа претстави нови опции меѓу кои се пораки кои исчезнуваат чим се прочитаат, но и лајвстриминг.

Инстаграм Директ сега доста потсетува на Снепчет, затоа што корисниците можат да праќаат приватни пораки на своите пријатели кои ќе исчезнат веднаш штом се прочитаат. За разлика од Снепчет, пораките кои исчезнуваат на Инстаграм не се временски ограничени, туку ќе се избришат веднаш откако корисникот ќе ја затвори пораката.

Корисниците ќе добијат известување доколку некој нивни пријател направи принтскрин на пораката или кога ќе им стигне одговор.

За да се разликуваат обичните пораки од оние кои се бришат, Инстаграм во инбокс одлучи да обележи со круг пораките кои се бришат.

„Live“ видеото ќе биде достапен на сите корисници во наредните недели. Снимките во живо ќе биде сместени во „stories“. Оваа врста видео ќе биде видлива само во текот на снимањето, после тоа потполно ќе исчезне од Инстаграм.

 
 
22.11.2016 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа