Инспекторите од утро до вечер ги контролираат пловилата во водите на Охридското езеро

Инспекторите од утро до вечер ги контролираат пловилата во водите на Охридското езеро.

Изречените казни најчесто се однесуваат на скутерџиите кои не ја почитуваат забраната за пловење од 11 до 19 часот и за претовар на патници над дозволениот број на рекреативните чамци.Безбедноста со патролни возила постојано се следи само во месец август поднесени се 5 прекршочни пријави.

Од капетанија на пристаништата ги отфрлаат обвинувањата на социјалните мрежи дека охридските бродови пловат претоварени со патници ,при вонредните контроли било констатирано дека тие ги почитуваат правилата .

Инаку на целото крајбрежје обележани се пловните патишта поставени се пловидбени знаци и синализација за зголемување на  безбедноста на пловните објекти и капачите.

 

 

 

11.08.2017 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа