Иниеста: Се уште не знам каде ќе ја продолжам кариерата

Фудбалерот на Барселона, Андрес Иниеста, се огласи по јавната понуда од Барселона за продолжување на договорот до крајот на неговата кариера.

– Ги почнавме преговорите. На мене е да одиграм добра сезона, а како ќе се одвиваат работите околу мојата фудбалска иднина ќе видиме. Во секој случај, да останам или не во Барселона, овде ќе биде мојот дом засекогаш, изјави Иниеста.

Тој додаде дека ќе ги разгледа сите можности и дека сега ќе се фокусира на својата работа.

Шпанските медиуми шпекулираат дека интерес за Иниеста покажува Јувентус и поради тоа шпанскиот репрезентативец се уште нема ставено потпис за продолжување на соработката со каталонскиот клуб.

 

 

 

10.09.2017 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа