Инцидент во Поликлиниката Чаир: "Сите ќе ве убијам ако му се случи нешто на детето"

Во 12 часот и 40  минути на улицата „2-ра Македонска Бригада“ во Поликлиниката Чаир, поточно на детското одделение и пунктот на Итна медицинска помош, дошол Е.С. од Скопје и почнал да вика, да се заканува и да ги малтретира лекарот А.Н. и медицинската сестра Н.Е. кои биле на смена.

Е.С. со неговиот брат ја донел внуката во поликлиниката со грчеви. Од страна на лекар на детското одделение му било кажано дека со возило на брза помош треба да се однесе на детската клиника. Побарано било телефон од итната медицинска помош, но истите не се јавиле веднаш на телефонот, на што од страна на лекарот на детското одделение лицата биле упатени да се јават лично во пунктот на итната медицинска помош кој бил во склоп на поликлиниката.

Во тој момент Е.С. започнал да вика и да удира на вратата по што започнал да упатува закани кон медицинската сестра. Потоа излегол лекарот А.Н. кој Е.С. почнал да го турка и влече, притоа заканувајќи му се по животот ако нешто му се случи на детето.

По некое време од роднини на детето Е.С. бил отстранет, а лекарот со медицинскиот персонал го однеле детето.

По целосното расчистување и документирање на настанот против пријавениот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

 

17.11.2017 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа