Имаше само еден јорган и две ќебиња, испратен како куче - прозбореа пријателите на покојниот татко на Сека Алексиќ

Смртта на таткото на Сека Алексиќ привлече огромно внимание во јавноста, најмногу поради условите во кои покојниот човек живеел. 

Неговата смрт ги погоди и оние со кои се дружел во Лозница, а најмногу двајца пријатели со кои се гледал секојдневно. 

Како што вели еден од нив, Александар Станиќ викан Шинтер,  Сека  наводно не го посетувала својот татко. 

- Сека не го посетуваше, не доаѓаше воопшто така да добро е што сега дојде. На погребот имаше 15-20 луѓе, меѓу кои и таа и Вељко. Инаку, таа секој месец му праќаше по 40.000 динари. Живееше во изнајмен стан. Со тие пари можеше цело семејство да живее, а тој не сакаше ни дрва да купи, испи се. Не се грижеше за себе, имаше доста долгови по кафани... расакажа Станиќ. 

Foto: Đ.Kojadinović/Srpski Telegraf

Пријателот на Милорад вели дека Алексиќ некогаш бил вистински боем. 

- беше легенда, боем. Сакаше да испие доста, секој ден јадеше готвени јадења во кафани. Го нарекувавме вистински мангуп што така беше во тоа време. Беше во воспитно - попоравен дом, каде што заврши занает за машинобравар, раскажал пријателот. 

Другиот човек, Синиша ги потврдил зборовите на Александар. Како што и тој вели, Сека не го посетувала својот татко, освен во последно време кога Милорад бил во болница. 

- Точно е декла му даваше секој месец по 40.000 динари. Поточно, не таа туку Вељко, но Милорад многу пиеше. Се задолжуваше по кафани, па кога ќе ги добиеше тие пари, ги враќаше долговите. Рака на срце, кога сфати дека ќе умре доаѓаше во болница да го посети, сакаше да го префрли во белград на лекување, но сфатиле дека е доцна. Требаше за него да се грижи додека беше жив. Колку пари има, можеше повеќе да му даде, рекол пријателот на Милорад. 

Foto: Instagram/seka_aleksic

Синиша вели дека му жал што, по негово мислење, Милорад не е погребан онака како што заслужил. 

- Бевме ние десетина. Дојде и Сека со мајка и, и сопругот, но подобро да не дојдеше.Не дозволи да се објави за неговата смрт, лчуѓето го сакаа, ќе дојдеа од многу страни.Вака е испратен како куче. Не заслужи таков погреб. Дури не сакав да и изразам сочуство, душата ме боли поради Милорад. Имаше тумор, а здраствената состојба му се влоши, изјавил пријателот.

Еве каде живеел таткото на Сека. 

Foto: Đ.Kojadinović/Srpski Telegraf

 

 

 

 

 
 
11.01.2017 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа