Им влегле со пушки - хорор трета смена за вработени од Скопје

 

 

Вооружен грабеж се случил вчера на улицата Лазо Трповски во Скопје. Во 17 часот и 13 минути во полиција било пријавено дека во Скопје во спортска обложувалница „Златна копачка“, две непознати лица маскирани со шалови на главите, од кои едниот вооружен со пиштол, а другиот со автоматска пушка, извршиле разбојништво.

Полицијата информира дека насилниците од вработените одзеле засега неутврдена сума на пари и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на  крадците како и целосно расчистување на случајот.

 
 
09.01.2017 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа