Им влегле со пушка и пиштол- хорор за вработени од Скопје

 

 

Во ЕИК-Скопје, вчера во 17:13 часот пријавено е дека во Скопје на улицата „Лазо Трповски“ поточно во спортска обложувалница „Златна копачка“, две непознати лица маскирани со шалови на главите, едниот вооружен со пиштол, а другиот со автоматска пушка, извршиле разбојништво.

Од вработените одзеле засега неутврдена сума на пари и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.

 
 
09.01.2017 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа