Им се закануваат со смрт и силување: Поради пресудата за Праљак загрозен животот на новинари во Хрватска

Претсавникот на ОБСЕ за слободата на медиумите Харлем Дезир, денеска ги повика властите во Хрватска и Босна и Херцеговина да го истражат големиот број на закани за новинарите и да се осигураат во нивната безбедност.

Заканите со смрт следувале веднаш после пресудата на Хашкиот трибунал.

-Најостро ги осодувам сите закани упатени кон новинарите, а особено они кои сметаат дека ќе ги замолчат новинарите. Властите имаат обврска да осигураат услови за новинарите да работат безбедно, а лицата кои им се закануваат да бидат процесуирани - навел Дезир во соопштението.

Во соопштението се наведува дека новинарите од хрватскиот портал „Индекс“ примиле голем број сериозни смртни закани преку друштвените мрежи, а дека новинарите од Босна од телевизијата „Ал Џазира“ и порталот „Тачно“ бле мета на закани со смрт и силување.

Сите закани се пријавени во полиција во двете земји.

-Ги повикувам властите што побрзо да ги истражат овие закани и напади - рекол Дезир и потсетил дека новинарите имаат право да известуваат за тешки теми.

 

 

 

 

06.12.2017 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа