И тоа се случува: Полицаец во риквец прегазил 91 годишна бабичка

Полицаец тешко повредил 91 годишна старица кога со својот автомобил враќајќи се наназад удрил во неа додека таа чекала пред локалната болница во Загреб, јавуваат хрватските медиуми. Според информациите, полицаецот се паркирал пред болницата и ја удрил старицата со задниот дел на автомобилот.
Старицата со тешки телесни повреди била веднаш згрижена во болницата, а полицискиот службеник откако го поминал алкотестот бил упатен на понатамошни постапки на внатрешната контрола на хрватската полиција.

 

 

 

14.11.2017 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа