Хорор во Македонија: Малолетничка падна од автобус и го скрши черепот

Во 15 часот и 20 минути во Клиничката болница-Тетово била донесена 17 годишна малолетничка од селото Боговиње со повреди во пределот на главата.

Од страна на лекар и била констатирана тешка телесна повреда – фрактура на черепот, со која се здобила при пад од автобус во движење, односно пред истиот да сопре во селото Палчиште.

 

Поради сериозноста на повредата во неконтактибилна состојба била пренесена во Клиничкиот Центар-Скопје. Истиот ден во 15 часот и 45 минути возачот на автобусот настанот го пријавил во Полициското Одделение-Жеровјане.

За случајот бил запознат Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

12.09.2017 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа