„Хет-трик“ на Меси за максимални три од три на Барселона

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси постигна три погодоци синоќа на домашен терен против градскиот ривал Еспањол. Меси погоди во 26, 35 и 67. минута, а победата од 5:0 ја надополнија Жерар Пике и Луис Суарез.

Со оваа победа Барселона го задржа максималниот ефект во Примера и сега има девет бодови или четири повеќе од најголемиот конкурент за трофејот Реал Мадрид кој синоќа одигра само 1:1 со Леванте.

Шанса да и се придружи на врвот на табелата, попладнево ќе има Реал Сосиедад кој во 12 часот гостува на Ла Коруња. Сосиедад има две победи остварени во првите две рунди.

 

 

 

10.09.2017 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа