Хан: „Сакаме политичка волја место политички игри“

Локалните лидери на земјите од Западен Балкан треба да направат поголеми напори за да продолжат со напредокот кон ЕУ и, наместо политички игри, да покажат политичка волја и вистински реформи,бидејќи проширување на Европската унија, со сите услови и критериуми, е најдобрата безбедносна политика што ЕУ ја имала досега, изјавил еврокомесарот Јоханес Хан на предавање на Универзитетот Принстон во САД.Хан притоа оценил дека реформите наместо на хартија, мора да се завршат на терен , особено во областа на владеењето на правото, на конкурентноста и на конективноста.

„Тоа може да го загрози бизнис моделот на некои поединци, но стратешки не постои подобра алтернатива “, рекол еврокомесарот.
Потсетувајќи дека мнозинството Срби се уште веруваат дека Русија е најголем инвеститор во нивната земја , иако Австрија инвестира четирипати повеќе, тој заклучил дека оваа заблуда го покажува најдобро проблемет на Унијата.

„. Проблемот не е Русија туку како ние да ја раскажеме нашата приказна со доволно одлучност “, порачал Хан.

Според него Европа треба да понесе повеќе од товарот место да чека на Вашингтон да ја заврши работата, бидејќи миграциската криза покажала дека Западниот Балкан веќе е „енклава“ внатре во ЕУ. Според негова оценка, одлуката на ЕУ лидерите да потврдат неодамна дека за регионот е отворено членството, сепак не е мал чекор во време на ваков замор од проширувањето. „Кога ќе оставите некаде вакуум, ќе се најде друг да го пополни“, предупредил Хан асоцирајќи на Русија, со додавка дека да не беа членки на Унијата прашање е каде ќе беа денес Полска и Балтичките земји. 

 

 

 

21.04.2017 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа