Хан и Прибе доаѓаат во Македонија

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан во Македонија ќе биде следната недела в понеделник, а веќе во вторник во земјава доаѓа и Ранјхард Прибе, раководителот на комисијата која во име на ЕУ во 2015 година го подготви списокот на неопходните реформи што земјава треба да ги преземе за да го надмине застојот на патот кон зачленување во ЕУ.

Како што соопшти портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, се очекува Хан да се сретне со премиерот, Зоран Заев и со лидерите на другите поголеми партии. Тема на разговор ќе биде планот на Владата за реформи, неговата компатибилност со извештаите на Европската комисија и применливоста. За експертите, доаѓањето на Хан е одредување на црвените линии во чии рамки ќе работи новата влада.

 

 

 

19.06.2017 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа