Гвардиола: Ливерпул секогаш е фаворит за титулата

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп, Пеп Гвардиола во пресрет на дербито со Ливерпул искажа пофални зборови за „црвените од Енфилд“.

-Секако дека не очекува тежок дуел против Ливерпул. Тоа е екипа која е претендент за највисок пласман и секогаш ќе биде така. Ливерпул и Манчестер Јунајтед се најуспешни англиски клубови и покрај тоа што „црвените“ подолго време немаат трофеј во Премиер лигата.

Ливерпул последен пат шампион на Англија беше во 1990 година.

Дербито на 4.коло Манчестер Сити – Ливерпул се игра попладнево од 13:30 часот. По три рунди и двете екипи имаат две победи и еден нерешен резултат.

 

 

 

09.09.2017 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа