Груевски: СЈО забега - стана театар на апсурдот

Изјавата на Груевски следеше по денешното рочиште за насилствата во општина Центар од 2013-та, кое се одложи поради боледување на еден од обвинетите. И покрај лекарската потврда, Специјалното обвинителстово веднаш побара на обвинетитот да му се определи мерка притвор за да се обезбеди неговото присуство на следните рочишта. Судот го одби барањето на обвинителката Фатиме Фетаи како неосновано, но Груевски оцени дека предметите на СЈО се театар на апсурдот.

Груевски го коментираше и вчерашното рочиште за предметот Тенк кое траеше повеќе од 8 часа, што е невообичаено долго дури и за судски процеси со многу посериозни обвиненија.

Доколку судството не беше заробено и се работеше според закон, екс-премиерот смета дека судот воопшто немаше да ги прифати обвиненијата на Специјалното обвинителство, но и покрај тоа очекува судиите на крај да донесат одлуки со кои ќе се потврдат неговите тврдења.   

 

 

 

13.03.2018 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа