Груевски: Почеток на градба на фабриката во Прилеп за 1000 нови вработувања

Почеток на градба на фабриката на германската компанија WIK во ТИРЗ Прилеп за 1000 нови вработувања, напиша на Твитер претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Компанија WIK е германска компанија која има седиште во Есен, но и во Хонг Конг, а се занимава со производство на апарати за домаќинството, а нивната прилепска фабрика ќе биде насочена кон производство на кафемат машини. Инвестицијата тежи 12 милиони евра, на вкупна површина од 10 илјади метри квадратни.

Реализацијата ќе биде во две фази, првата од 5 милиони евра, а во втората фаза се планирани 7 милиони евра и дополнителни 6.5 илјади метри квадратни. На самиот почеток ќе се вработат 50 луѓе и постепено оваа бројка ќе расте, а по комплетирањето на двете фази ќе се вработат 1 000 граѓани.

 

 

 

11.07.2017 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа