Граѓански протест во Велес: Да не се разнебитува државата

Во центарот на Велес вечерва се одржа мирен граѓански протест против, како што велат, договорот на Зоран Заев со ДУИ за воведување двојазичност на целата територија на Република Македонија.

Од македонското патриотско здружение „Андон Лазов Ќосето“, кои се организатори, посочуваат дека ова е мирен протест против договорот на Зоран Заев со ДУИ за воведување на двојазичност во земјата.

– Се собравме да изразиме револт против договорот кој го постигна Зоран Заев со ДУИ за воведување на двојазична употреба на целата територија на Република Македонија, а што ќе значи и разнебитување на државата, потенцираат од македонското патриотско здружение.

Тие најавија мирни протести и во наредните денови.

 

 

 

24.02.2017 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа