Граѓаните сакаат промена: Путин изгуби на избори и тоа на место каде сите мислеле дека владеел

Коалицијата на либерални опозициски партии оствари неочекуван триумф на локалните и регионалните избори кои во неделата се одржаа во Русија, однесувајќи победа во повеќе изборни единици среде Москва – вклучувајќи ја и онаа во која гласаше претседателот Владимир Путин.

Секако, партијата на Путин, Обединета Русија, која е на власт веќе 17 години, освои повеќе места на овие избори, но успехот на опозицијата во средиштето на руската метропола воопшто не е занемарлив, со тоа што Обединета Русија целосно беше збришана во округот Гагарински, каде гласаше и самиот Путин.

Обединетите демократи, меѓу кои се и либералните партии Јаблоко и Парнас, освоиле 11 од 12 места во округот Тверскаја, кој се наоѓа во непосредна близина на Кремљ, додека во округот Камовники ги освоија сите 15 места освојувајќи го мнозинството од вкупно 14 московски окрузи.

Истакнатиот новинар на „Нова Газета“ и носител на листата за Камовники, 33-годишниот Илија Азар, изјави за „Дејли бист“ дека воопшто не се надевал дека се кандидирал само за да испрати порака за учеството во политичкиот живот кој речиси целосно го контролира партијата на Путин.

Кога утредента дознал дека го избрале речиси 50% од гласачите, останал, како што вели, во шок и неверување“.

„Обединета Русија не сте можеле да ја видите во текот на кампањата, додека ние одевме од врата до врата за да разговараме со нашите избирачи. Можеби Обединета Русија била премногу мрзелива и навикната на победи на секои избори“, заклучи Азар.

Додека во другите делови на Русија, со излезност од само 15 проценти, гласањето заврши во корист на владејачката партија, овие граѓани на Москва покажаа очигледна желба за промена, реформи и нови лица во политиката.

Некои од кандидатите кои граѓаните на Москва ги бирале или биле во затвор или биле претепани на улица од страна на полицијата или пропутиновски силеџии, а ги избрале дури и оние кои Кремљ ги етикетираше како „агенти на американската државна служба“, што е вообичаена тактика за сатанизирање на опозицијата во руската криво поставена демократија.

Така, Илија Јашин, кој го освои првото место во округот Красноселски, во јули мина 15 дена во затвор поради учество на антикорупцискиот протест во тој округ. На Јашину минатиот ноември му се закануваа со смрт затоа што сведочел на судењето поради убиството на својот политички сојузник Борис Немцов, кој е убиен пред Кремљ.

Како и на многу досегашни избори во Русија, било да станува збор за претседателски, парламентарни или локални, и на овие се забележани бројни обвинувања за „местенки“ во корист на партијата на Путин, а независната организација за надгледување на изборите Голос пријави околу 600 пријави.

На паралелните избори за гувернер, Обединета Русија ги освои сите 15 гувернерски положби во земјата.

Од друга страна, одлуката на Кремљ да ја олабави строго ограничената регистрација за кандидатура била пресудна за успехот на опозицијата во средиштето на Москва.

„Ова е нова ера за руската политика. Сите се шокирани. Симболично е дека опозицијата сега го контролира округот каде Путин е регистриран за гласање“, изјави Виталиј Шклијаров, 41-годишен политички аналитичар, кој минатата година учествувал во предизборната кампања на американскиот левичар Берниј Сандерс.

 

 

 

13.09.2017 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа