Град Скопје ќе ви исплати отштета од 60.000-180.000 денари ако ве касне куче

Во случај да ве касне улично куче, може да барате оштета од Град Скопје и „Комунална хигиена“. На адреса на градските власти за последниве две години по основ надомест на штета поради каснување од куче има поднесено 68 тужби. 

Како што пишува „Независен весник“, висината на отштетата е од 60.000 и 180.000 денари, во зависност од возраста, степенот на повредите, последиците.

Инаку, полициските билтени секојдневно се полнат со вести за лица каснати од кучиња.

 

 

 

12.02.2018 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа