Гори стамбена зграда во Тетово

Пожарот кој избувна околу 16 часот и 30 минути во станбена зграда на улицата „Илинденска“ во Тетово се уште не е изгаснат. 

Избувнал во кровот на зградата, а пожарникарите имат тешкотии со неговото гаснење. Повредени нема зашто станарите навреме ги напуштиле своите домови веднаш по појавувањето на чадот.

Пожарникарите ги скршија стаклата на прозорците за полесно да излезе чадот, но гаснењето оди многу тешко поради немањето скали за висококатница, како и поради тоа што пуканло цревото за вода  за време на гаснење на пожарот.

Станарите не знаат кои се причините за пожарот. Еден од нив, како што изјави, се сомнева на струјата во моторот на лифтот зашто оттаму првично почнало да чади. 

 

 

 

21.03.2018 - 19:08
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа