Горат куќите во Драмче и Селник – пожарот избувнал од фурна за леб

Аматерските снимки од мобилен телефон ја покажаа големината на уништувачката моќ на големиот пожар што избувна синоќа во Малешевијата.

Огнените јазици, помогнати од ветрот, безмилосно ги голтаат куките од Драмче и Селник, планински села од разбиен тип. А, се започнало од фурна за леб од Стамболиското маало во Драмче. Куката во која била фурната е лоцирана на помалку од педесетина метри од густиот појас од борова шума. Над сто лица, меѓу кои пожарникари од Берово, Делчево и Пехчево во содејство со припадници од ЈП Македонски шуми, Граничната полиција и месното население, вложуваат крајни напори огнената стихија, да ја стават под контрола. 

- Голем пламен е и голем пожар. Поради тешко пристапниот терен многу тешко е да се стави под контрола. Но, ние сме тука и ќе бидеме тука се додека не го изгаснеме пожарот , изјави еден од мештаните.

-Голема е површината од борова шума, што ја опфати пожарот. Теренот е непристапен за било каква механизација да се стави во погон, затоа мораме вака рачно, дополни Лоренцо Трајановски – пожарникар.

Околу 200 хектари борова шума е во пламени јазици, информираат од Центарот за управување со кризи. Еден дел од огнената линија е спречена да се шири кон границата со соседна Бугарија, а спасена е и црквата „Св Петка“, значаен културно-верски споменик од 14 век. Пожарот досега пеплоса десетина куќи и објекти во неколку маала од спомнатите планински села Драмче и Селник. Последната информација од надлежните е, пожарот е локализиран. Инаку, синоќа дејствувале и авионите канадери од Дирекцијата за заштита и спасување. 

 

 

 

13.09.2017 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа