Големо поскапување на бензинот и дизелот - ова се новите цени

Бензините поскапуваат за 2,5 односно за 3 денари по литар, а дизелот од полноќ е поскап за 2 денари за еден литар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика.

Според последната одлука, ЕУРОСУПЕР БС95 поскапува за 2,5 денари за литар и ќе се точи по 66,5 денари.

ЕУРОСУПЕР БС 98 поскапува за 3 денари за еден литар и ќе се точи за 68,5 денари.

Дизелот станува поскап за 2 денари и еден литар од полноќ ќе се точи за 54 денари.

Поскапува и маслото за домаќинство и неговата нова цена ќе биде 42,5 денари за литар.

 

 

 

 

14.11.2017 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа