Големо намалување на цената на бензинот и дизелот - ова се новите цени на горивата

Регулаторната Комисија за енергетика вчера ја донесе одлуката за нова цена на нафтените деривати. Според одлуката од полноќ бензините поевтинија за 1,5 денари, а дизелот за 2,5 денари по литар.

Од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 62,5 денари по литар а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 64,5 денари по литар. 

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ-от изнесува 48 денари за литар. 

За 2,5 денари поевтини и маслото за домаќинство кое ќе се продава по 36,5 денари. 

Ова се новите цени кои веќе важат од полноќ:

 

 

 

13.06.2017 - 08:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа