Голема трагедија- тешка сообраќајка во која загинаа 20 деца

Најмалку 20 деца загинаа кога училишниот минибус што ги превезувал удрил во камион и во него избил пожар. Несреќата се случила во провинцијата Мупмаланга, соопшти локалната итна служба. 

- Потврдено е дека загинаа 20 деца, изјави портпаролот на итната служба Расел Меиринг. 

Повеќето деца биле заробени во завтобусот и веднаш починале при сударот, додаде тој.

Неколку деца ја преживеале несреќата и веднаш се хоспитализирани.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.

 

 

 

21.04.2017 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа