Голема сума на пари запленета на граничниот премин Прешево

Цариниците на граничниот премин Прешево, кон Македонија, при излезна контрола запленија 130.000 непријавени евра кај двајца државјани на Холандија со турско потекло.

Како што се наведува, сопружниците се обиделе парите да ги прокриумчарат во возилото.

Дел од парите е најден во долната преграда на торба, а останатиот дел во пакувања од хигиенски влошки.

На патниците име вратен дозволениот лимит од по 10.000 евра, а останатите се одземени со одлука на судот за прекршоци во Прешево, кој на сопружниците им изрекол и парична казна.

 

 

 

 

19.06.2017 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа