Голем пожар ја зафати Португалија - бројот на загинати се зголемува во минута

 

Во шумскиот пожар во централниот дел на Португалија загинаа најмалку 57 луѓе, соопшти португалската влада, пренесува АП.

Како што се наведува, најголемиот број од луѓето кои настрале биле во автомобили кои биле заробени од огнената стихија.

Пожарот им се заканува на неколку населби во областа. Пожарот избувнал во близина на Педрогау Гранде, на околу 200 километри од главниот град Лисабон, околу 15 часот по локално време (14 часот по Гринич).

Околу 500 пожарникари и 160 противпожарни возила се мобилизирани и се бореа со огнената стихија во текот на ноќта.

Температурите во многу области на Португалија се искачија над 40 степени Целзиусови, а од фотографиите на АП може да се види дека пожарникарите едвај се справуваат со огнената стихија.

 

 

 

18.06.2017 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа