Го тепале додека не се онесвестил - хорор за старец од Тетово

Седумдесет и седумгодишниот М.Ј. од Тетово вчера со повреди во пределот на главата и телото бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, откако претходно во подрумска просторија од неговата куќа на ул.„Железничка“ бил нападнат од тројца негови роднини поради нерасчистени имотно правни односи.

МВР соопшти дека роднините на М.Ј. со кои ја делел куќата физички го нападнале, удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото, а едно од лицата со тврд предмет го удрил во пределот на телото, по што тој паднал во бесознание.

СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на настанот. 

 

 

 

17.07.2017 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа