Го ставате млекото на вратата во фрижидерот? - правите голема грешка

Eкспертите предупредуваат дека е штетно за нашето здравје доколку редовно го чуваме млекото во преградите на вратата од фрижидерот, што многумина по навика и го прават.

Образложението е едноставно. Температурата не е еднаква во секој дел од фрижидерот, а кај вратата таа е најпроменлива, што доведува до побрзо расипување на млечните производи.

Препораката е - млекото да стои на средишните полици од фрижидерот.

Што се однесува пак, до распоредот на останатите намирници, во фиоките најдолу се чува водата, овошје, зеленчук и свежи зачински билки. Првата полица е наменета за свежо месо и риба (во фолија, секако), втората за млечните производи и јајцата, а над нив стои готовата храна.

Вратата од фрижидерот служи за конзервираните производи. 

 

 

 

09.03.2017 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа