Глувата девојка повторно предизвика бура од емоции на „Америка има талент„ (видео)

Менди Харви е 29 годишна Американка, мошне талентирана девојка која пред десет години го изгубила слухот во целост, но сепак продолжила да се занимава со музика. Откако на аудицијата го воодушеви строгиот Сајмон Кауел и од него го доби „златното копче“, Менди продолжи директно во настапите во живо.

Ниту овој нејзин настап никого не остави рамнодушен. Оваа неверојатна девојка повторно се претстави со своја песна и предизвика овации и силни емоции кај публиката и жирито кое имаше само пофални зборови за неа.

 

Настапот на Менди сигурно ќе предизвика бура од емоции и кај вас, па погледнете го истиот во продолжение.

 

 

 

 

 

13.09.2017 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа