Ѓорѓиевски: 150 милиони евра од Сорос-Македонија се директно потрошени на корумпирање на македонското општество

 

 

СДСМ и Сорос се едно исто. Дел од истата шема на деструкција и антидржавно делување, истакна на денешната прес-конференција Орце Ѓорѓиевски.

Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на Ѓорѓиевски

Анонимната Фани Каранфиловска, наследничката на Владимир Милчин на врвот од Соросовата инсталација во Македонија, го прави она за што е платена со тешки милиони евра, а тоа е да го продолжи неговиот лик и дело и со узурпација на невладиниот сектор да му врши услуги на СДСМ и да ја узурпира волјата народот.

Јасно е зошто наследничката на Милчин има потреба да се правда и објаснува. Граѓаните ја видоа деструкцијата на СДСМ-Сорос на дело и ги казнија на избори. Ги казнија за платеничките револуции, за нападите врз полицијата, за вандализмот и уништувањето културни споменици.

Сега анонимната наследничка на Милчин го кажа тоа што се очекуваше, грст невистини, лаги и шпекулации, без да даде било каков одговор на суштинските прашања.

Таа практично со својата изјава призна дека за се што прават во Македонија нивната централа е запознаена и високо свесна за штетата која и ја прават на државата.

Речиси 150 милиони евра од Сорос-Македонија се директно потрошени на корумпирање на македонското општество. Нивниот најголем проект е платеничката револуција чиј производ е огромна штета на државниот и општествениот имот, физички напад врз полицијата и редица други испади, се со цел да се поддржи и помогне аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Од медиумите видовме дека само во последните две години истата таа претседателка Фани Каранфиловска инкасирала 4.808,567 денари, и тоа во периодот кога таа раководеше со платеничката револуција која удри по институциите, историјата и достоинството на државата.

Фани Каранфиловска не одговори и зошто огромен процент од европскиот буџет на Сорос оди токму на Македонија. И тоа по правило секогаш пред избори овие таканаречени граѓански организации добиваат поголеми суми, организират протести, кампањи во кои отворено застануваат зад политички опции. Тоа што тие тврдат дека е инвестирано во општетсвена корист се трошки во поглед на тоа што е злоупотребено и испрано во политички цели.

Производот од делувањето на Сорос е:

–  целосно корумпирање на граѓанскиот сектор

–  платеничка револуција која се прогласи за Шарена револуција

– платени експерти со наредба без аргументи да критикуваат и напаѓаат

–  создавање на тензии и конфликти

– корумпирање на медиумскиот простор и злоупотреба за политички цели

– организирање на новинарски фабрики

– збришување на слободната мисла

– злоупотреба на младинските движење за политички цели.

Заклучокот и после јавниот настап на Фани Каранфиловска е јасен. Фондацијата за отворено општество која ја води единствено кое отворено го работи е поддршка на аболицираниот криминалец Зоран Заев неговата деструктивна политика и отворено партиско политичко-дејствување.

 
 
11.01.2017 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа