Ѓорчев: Во Собранието извојувавме важна победа за демократијата во Македонија

Важна победа за демократијата во Македонија, вака го окарактеризира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, тоа што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дозволија денеска тој да биде отстранет од собраниската говорница.

„Мене ми е драго што денеска имавме една мала, но важна победа за демократијата и во Собранието, но и во Р. Македонија, а тоа е што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дозволија самоволието на Талат Џафери да резултира со отстранување на пратеник од говорницата на Собранието на Република Македонија“, изјави Ѓорчев во Отвореното студио на ТВ Нова.

Вечерва во Отвореното студио на ТВ Нова, на тема еколошката катастрофа во Струга, гостуваат пратеникот Влатко Ѓорчев и пратеничката од Струга, Нола Исмајлоска.

 

 

 

15.06.2017 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа