Германската полиција на нозе: Напаѓач со нож ранил неколку минувачи

Германската полиција го окупира плоштадот „Розенхајмер“ во Минхен во потрага по напаѓач, кој рано утрово со нож рани неколкумина.

Повредените не се во животна опасност.

Според зборовите на очевидци, непознат маж одел со нож в рака и напаѓал минувачи, а потоа избегал.

Полицијата ги повика жителите са останат во своите домови, и да го избегнуваат подрачјето околу плоштадот.

Полицијата со сите раположливи сили трага по напаѓачот.

Станува збор за маж на 40 годишна возраст во сива тренерка и зелена јакна, со ранец на грбот.
 
 
 

 

 

 

 

21.10.2017 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа