Генијален трик: Како да се ослободите од мразот и сланата на шофершајбната

Доаѓа ладно време и температури под нулата.

Доколку немате гаража за вашиот автомобил веројатно рано наутро ќе бидете соочени со слој мраз и слана на вашите стакла.

Кога се брзате сигурно неколку пати сте дошле до искушение да го полиете сталото со топла вода, но тоа никако не е паметно со оглед на тоа што сталата веднаш може да испукаат.

Како одлично решение, кое во исто време е брзо, ефикасно и многу исплатливо е средството кое самите може да го направите и со него навечер да ги прскате стаклата. Средството се состои од 1/4 оцет и 3/4 вода.

Утрото ќе ве дочека чиста и проѕирна површина, без наслаги од мраз и слана.

 

 

 

 

13.11.2017 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа