Габриела Илиевска: Туризмот носечки столб за развојот на Битола

Носителот на независната листа на кандидати за членови на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска денес најави дека туризмот ќе биде еден од носечките столбови за економскиот развој на градот и ќе придонесе Битола да биде економски силна општина.

- Туристичките работници, угостителите и малите стопанственици, занаетчиите и еснафот, имаат интерес на туризмот да му се даде многу поголема важност и улога отколку досега. Вклопувањето на манифестациите од забавен карактер од типот на „Бела ноќ“, или организирањето „Чкембаријада“ која ќе ги анимира угостителите во подготовка и промоција на специјалитети карактеристични за нашето поднебје, се само еден сегмент во збогатувањето на организираната туристичка понуда под „капата“ на општината и битолскиот еснаф, изјави Илиевска.

Токму заради тоа, нагласи, еден од приоритетите на нашата кандидатска листа за советници е формирање Комисија за туризам во рамките на Советот на општина Битола.

- Комисијата ќе има задача да им предложи на членовите на Советот да донесат Одлука за формирање општински туристички сојуз и туристички инспекторат, отворање туристички инфо центар и продавници за сувенири. Сметаме дека овој проект ќе биди добра основа и појдовна иницијатива која ќе придонесе за забрзан развој на туризмот во Битола, посочи Илиевска.

 

 

 

12.10.2017 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа